Пескарење

Техника на декоративна површинска обработка на стакло каде под висок притисок се исфрла многу ситен и остар песок кој механички го третира стаклото оставајќи заматен траг.

Преку вака обработеното стакло светлината се намалува само 7% но поради заматената површина низ него не се гледа јасна слика туку само контури.